Никола Зацевски со солистички концерт во Битола

Еден од најталентираните млади музичари на македонската сцена, Никола Зацевски, ќе одржи солистички концерт на 12 септември 2024 година, во Офицерски дом во Битола.

Концертот, со наслов „Срцето моето тука чука“, ќе започне во 20:30 часот на платото пред Офицерскиот дом. Никола Зацевски е музичар со впечатлив стил и емоција, чија музика ги допира срцата на публиката. Со својот уникатен пристап кон музиката и со посветеност на своето творештво, Никола е веќе препознаен. Неговото име е едно од најталентираните на македонската музичка сцена.

На концертот „Срцето моето тука чука“, тој ќе ја претстави својата најнова програма. Истата вклучува авторски композиции и нови аранжмани на познати песни, сите исполнети со длабока емоција и лична приказна. Најавени се и специјални гости: Никола Мицевски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Мите Стоилков, Горан Начевски и Сашо Татарчев. Влезот за концертот е бесплатен.

Овој концерт е одлична можност за сите љубители на музиката да уживаат во извонредната изведба на Никола Зацевски. Да доживеат една незаборавна вечер под отворено небо. Настанот е поддржан од Општина Битола, Министерството за култура и компании кои поддржуваат настани кои се дел од културната програма на градот.

ПР Текст