И да не се лажиме, никој не носи гашти од 500 евра на Широк Сокак! До кога ќе си играме „ВОГ“ во селото?
Има разлика по овие шоунастаниве и по улиците на Широк Сокак и зад него. Влегваш натре онака запален… Си мислиш холивудска ѕвезда си со 6 рала замоци, имоти и гаќи од 500 евра носиш на тебе. Тааак-тааак на вратите онака со двете раце му прајш… Уствари шо беее. Не му прајш сами ти се отварат само шо ќе те опулат од далеку!
И влегваш као Алкапоне или Џеј ло или факин Кардашијан дури ветро ти ги вијА косите. Во глата ти пеј „Ајма рич бич бејбе“ и изиграваш со забавена снимка. Нешто ко Џим Кери во Аjсвентура, али ти се умишљаваш! Па то тука шоу гледаш, па ефекти… Па опнале лустери, парфеми, музики, класики. Раскажваш оти си бил на опера, на класична музика, а од сите работи само овај Хаусер го знајш оти свири на таков некој фенси инструмент (и фала Богу го знајш оти многу сехи е). Часојте по музичко ги пропушташе со кафе на Широк Сокак, а Бах го заменваше Бритни Спирс со „Ајма а слејФ бејби“ или за поновите овај Брендоно како се викаше тууу… На зборо ми е бре… Тој биберо.. Не тимберлејк.. Џастин бре. Џастин БиберО.
А Натре..?
.. Натре сите наконтени, атмосфера шо да ти кажам… Инфлуенсерки, ноктарки, манEкенки, креаторки, џетсетот на градО на конзулите! Со пафкала сите и ѓом коктели после настани. А уствари сите чекат да се налокат и свеста после на фолк и шунд да си ја земат. Излегваш за во несвес сите да ги падниш, се враќаш урнебес и ти паѓаш! Ваму нешо као дегустираш вино и се понашаш со гаќите, на Широк Сокак а ко ќе си ојш дома и без нив си викаш исто е. Шубо! До кога ќе си играме лутки за на насовна на „ВОГ“ во селото?
И една е приказната во градО на културата, (на Широк Сокак), една е во градот на кучињата…(Пак на Широк Сокак). Една е приказната во градО на боемите, друга е приказната во градО на пијаниците. Шо сме сега? Урбани или кучкари? Боеми или пијаници? Никако да се одлучиме! Битно сите имаме приговори и решенија и сите лајме. Се разбира појќе лајме од кучињата! Туку, ќути да не почнат тие да кажват колку му сметаме ние!
ГрадО динга, гастрбајтери врие, сите се жалиме оти нема пари а најскапите кафани фул од јутра до сутра. Шо е работата? Или сите пијани се и ги грешат сметките и тука попарата се прај.. (И овие шо плаќат и овие шо земат) или пак, гастрбајтерите од пред корона шо береле пари имат накалапено салам и сега частат тука на велико. Во мајката им земја!
Кој пат да се фати? Кои гашти да се клат? Овие позлатените или едни од тие 3 за стотка?!
Или во градо најногу дроги се продават и се шмрка на велико или сите напафкани сме. Сите пијат сортни вина и порачват уште, а на бакал останва муабетО: „Абре Стојне.. 3 работи зедов, 1500 денари платив!“ И сите истио муабет го цепиме, ама да се има за труење, за опиум, за јако пафкање… А и на крај краишта на кој му е гајле и шојма да се знај кој шо гаќи носи! На крајО на краиштата, оти шо бе шо ни фали сине?! Па шоима врска оти се умишљаваме оти сме на насловна на ВОГ!
Ама манџата се прај еднаш и сите од истата сркаме… Така да, да не се лажиме со феик гаштите!
Сите мислења, заклучоци и ставови во колумната се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk