„Никаде без ќерка ми“ – искуство на една жена во борбата за љубовта и слободата

никаде без ќерка ми

„Никаде без ќерка ми“ е заедничкиот избор на предлог книга на книжарата Book’s House и „Разбуди се“.

„Никаде без ќерка ми“ е вистинска приказна за љубов, драма и опстојување на една современа Американка. По разводот, Бети се вљубува во харизматичен дипломиран лекар од Иран. По две-три години на среќа, се венчаваат. Но, за време на посета во Иран, заедно со својата тригодишна ќерка, нивната идила се претвора во кошмар. Со промените во политиката, земјата станува Исламска Република и тие две стануваат заложници на семејството на сопругот. Преку драматични околност, таа успева да избега со своето дете и да се врати во САД. Ова искуствено доживување ѝ го остава длабокото сеќавање за љубовта и ја зголемува нејзината сила за опстојување во најтешкте моменти.

Никаде без ќерка ми

„Моќна приказна за љубовта на мајката кон своето чедо, раскажана во сосема поинакво време од денешното. Време на војни и време на силни светски превирања и кризи. Оваа книга ни дава силна порака за вредностите во животот, за скапата цена на слободата која често пати ја забораваме, земајќи ја како нешто што секако ни припаѓа, а истовремено заборавајќи и колкава привилегија е. Не само слободата на живеење во едно општество туку и слободата на живеење како личност , како жена, а најмногу од сѐ слободата на на размислување и дејствување како и изборите кои ги правиме во текот на животот, а кои можат многу скапо да нѐ чинат.“- пишува авторот на рецензија на „Никаде без ќерка ми“ во еден длабоко емотивен здив, Билјана Мартиновска