Book’s House докажа дека е урбан бренд и уникатно книжевно катче

Мирис на цимет, варено вино, каранфилче. Зимска идила и неповторлива ноќ во најурбаното место и уникатно книжевно катче – Book’s House. Со автентична идеја за прослава, оваа книжара го прослави својот втор роденден, зборувајќи гласно за крикот на битолската публика кон книжевна сцена. Вечерта беше вистинска експлозија од, би рекле, колоритни емоции…

Празнична дружба, пријатели, многу книги и разговори околу нивните приказни и се разбира хумана цел под истото мото:„Нашето малку за некој, ќе ја донесе најголемата празнична радост!

Ламбе Алабаковски, Виктор Апостоловски и Сара Петровска ја докомплетираа магичната ноќ, акцентирајќи ја смислата на уметноста. Што кога музиката, книжевноста и литературата, културата и забавата се случуваат во едно? Епа драги мои, баш тогаш се случува приказната наречена Битола. А битолчани знаат да го препознаат тоа во ова книжевно катче, во Book’s House.

И ,,Разбуди се” беа едно парче од мозаикот на приказната на Делеви и будно ги следат новостите од самиот старт. Од отворањето до денес, а секако си ветивме и најавуваме уште многу соработки.

За крај назадравивме во име на љубовта, хуманоста и секако на книгата. На Book’s House им го честитаме роденденот. Им посакуваме уште многу успеси, креативни збиднувања и од срце аплаудираме за нивната успешна идеја. Затоа што токму во овој град, се раѓаат најголемите таленти, идни автори, творци и грандиозни мислители чии приказни низ генерации се опејуваат. Поздравете го убавиот збор и посетете ја книжарата Book’s House. А потоа со топол чај и кафе, во топло ќебе во топлината на домот, во најубавиот празничен период, прочитајте го вашиот омилен жанр и омилена книга од оваа книжара.

… Затоа што читањето е сонување со отворени очи…