Битфест 2024 ќе се затвори со традиционалната манифестација „Незаборав“

Незаборав

Со „Незаборав“ посветен на Тоде Новачевски ќе се затвори Битфест 2024

Годинешното издание на Битолското културно лето БИТФЕСТ 2024 ќе се затвори со 14-то издание на традиционалната манифестација „Незаборав“, посветена на композиторот Тоде Новачевски.

На 29-ти август (четврток) на Платото на Офицерскиот дом Битола, со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт во живо со песните од Тоде Новачевски, а во изведба на познати битолски музичари – изведувачи. Влезот за концертот е слободен.

Манифестацијата е комплетно финансирана од Општина Битола во рамките на БИТФЕСТ. Автор на проектот е Панде Димитровски.

Изминатите 13 изданија на „Незаборав“ беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс, песни за Битола – прв и втор дел и Интерфест 92-96 година.