Најголемото Мото Одбележување-Битола ја започна Мото Сезоната 2024 со спектакуларна Галерија од преку 500 мотори

Во Саботата, улиците на Битола беа превземени од брзината и бујноста на моторите. Со блиц-брзини, моторџиите ги наполнија улиците со енергија и несекојдневни вибрацииМото Сезоната 2024.

Моторџиите се појавија како модерни рицари во синхронизирана кореографија, а од прозорците, терасите, балконите и дворовите, битолчани ги следеа моторџиите. Илуминирани од восхит со екстра возбуда.

Имено, спектакуларниот пролетен ден во Битола и отворањето на Мото Сезоната 2024, вклучи околу 500 моторџии од 11 клубови. Финишираше со одлична атмосфера  и музика, претставена од групата „Марвелс“ на плоштадот Магнолија во Битола.

Претседателот на мото асоцијацијата на Македонија, Борче Серафимовски, изрази задоволство за успешното отворање на новата сезона во центарот на мото културата, Битола. Присутните ги испрати со порака за безбедно возење, почитување на сообраќајните правила и уживање во мото искуството. Средбата ги обедини моторџиите од сите возрасти вклучувајќи ги и најстарите и најмладите љубители на мото спортот. Во име на мото клубот Конзули од Битола, претседателот Ромео  Јовановски го пофали настанот како првата годишна средба на моторџиите, обезбедувајќи незаборавно доживување за сите присутни, на ова уникатно мото одбележување.

Фото: Петар Димитријевски

Пишува: Ромина Марковска