Еден човек секојдневно ги чисти улиците на градот во последните 5 години – Сам и доброволно!

Еден човек речиси секојдневно ги чисти улиците на Булавајо во последните 5 години – сам и доброволно!

Тондеран Шоко е човекот што сам и доброволно го одржува најчист, вториот град по големина во Зимбабве. Тондеран Шоко (40)  е светлината која беспрекорно се шири низ улиците на Булавајо.

Неговата иницијатива, KeepBulawayoClean, не е само акт на добротворност туку порака за развивање на свеста кај луѓето за значењето на чистотата и одржливоста во нашето опкружување. Кампањата за чистење е документирана преку неговиот Фејсбук профил, понекогаш на X со хаштаг: # KeepBulawayoClean.

Убаво се досетил Шоко! Тоа говори за неговата развиена свест која настојува да ја размножи на глобално ниво.Само еден човек може да биде искра на промена. Само еден човек може да ги внесе потребните подобрувања во својот заеднички живот.

улиците

Едноставноста на неговата посветеност – 30 минути секој ден е пример за сите нас. Шоко  докажува дека и малите дела можат да имаат големо влијание. Неговата неопходна рутина не поттикнува на размислување.

Еве што рече Шоко:

„Растејки во Булавајо, јас и моите браќа одевме со велосипед до училиште. Велосипедските патеки на патот на улиците беа секогаш чисти. Како што минуваа годините, тие патеки се извалкаа со отпадоци и тогаш решивме да преземеме иницијатива да го исчистиме градот. Не сум финансиран од никој. Во некои денови, добронамерниците ќе донираат ракавици и канти за отпадоци, но најчесто плаќам за сите резерви, вклучително и гориво до местото на чистењето без разлика на тоа, колку е далеку.“, рече тој.

Во контекст на она што го рече Шоко, некои луѓе ќе коментираат вака:„јавното чистење не успева затоа што следниот ден луѓето со исти навики ќе фрлаат отпадоци додека одат“.  Други луѓе, вака ќе искоментираат: „има навикнување, ама има и одвикнување. “

Шоко верува дека ставовите на луѓето ќе се сменат еден ден. Изворот на промената е во нас.

Она што е потребно е едукација

Сѐ уште сме во можност да ги промениме лошите навики и ставовите на нашиот комунитет. Најпрво, ѓубрето да го исчистиме! Чистењето на улици е само почеток, а едукацијата и свеста се нашето најмоќно оружје. Преку дело, можеме да ја промениме културата и да изградиме поубава заедница за општо добро. А токму тоа, општо добро се пресликува во задоволното лице на секој жител од оваа преубава планета.

Шоко го чисти градот и ги исполнува сонот за враќање на блиските мултисимболи на претходните генерации. Неговата историја  не е само за неговиот град туку и за сите што можеме да ја направиме разликата. Доколку го следиме примерот на Шоко , можеме да направиме голема разлика во нашето локално опкружување. Нашиот придонес е нешто што го носиме со себе, исто како што го носиме воздухот што го дишиме. Да го зголемиме своето богатство во одржливост и чистота на нашите градови е нашиот заеднички придонес за иднината. Впрочем тоа и го должиме на планетата Земја.