За прв пат во Битола – „Глумците пеат“ на свеченото отвoрање на Интернационалниот фестивал на монодрама

За прв пат во Битола – „Глумците пеат“ на свеченото отварање на Интернационалниот фестивал на монодрама

Од Центарот за култура Битола го најавија јубилејното издание на Интернационалниот фестивал за монодрама.

…И пред градот да започне да дише во име на театарската уметност, она што е највозбудливо за нашата публика е манифестацијата „Глумците пеат“. Имено, оваа манифестација се одржува во Скопје. А овој пат, како што споделија од Центар за култура Битола, салата на Националната Опера и Балет беше исполнета до последно столче. „Фотографиите но и публиката сведочат дека беше незаборавно“. Се вели во нивниот пост за импресиите од настанот кој оваа година веќе се одржа во Скопје.

„Сега е редот на Битола

•ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ• доаѓаат за прв пат во Битола на 25 мај на свеченото отворање на јубилејното 25. издание на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА. Ќе биде одлична Евровизиска вечер со над 70 учесници на сцена.“

Имено, што се однесува до Интернационалниот фестивал на монодрама, ова ќе биде неговото јубилејно издание. 25 тиот Интернационален фестивал на монодрама, ветува навистина добар репертоар. На сцената ќе уживаме во монодрами од театрите на Бугарија, Грција, Ерменија, Турција… Во склоп на фестивалот, и битолските улици ќе дишат во име на уметноста, па повторно ќе ги видиме живите статуи од фестивалот „Статуа Фест“.

„Разбуди се“ будно ќе ја следи програмата на јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Затоа што уметноста е храна на душата, а нашиот интернет портал гласно зборува за таа храна.

Фестивалот заслужено го оправдува овогодинешниот слоган „Слободата живее тука“. Затоа што време е Битола повторно да блесне во тој слободен културно-уметнички дух, полн со гости љубители на театарот, актери.

фестивал монодрама