Меѓуврсничко насилство постои. Го има и демнее од секој ќош и за жал се повеќе се случува. За да го спречиме – треба да го препознаеме. А, за да го препознаеме, треба отворено, гласно, без заобиколувања, страв и срам да зборуваме за проблемите.
Токму тоа е целта социјалната иницијатива „Слушни ме” на Едукативниот Центар Едусфера. Оваа иницијатива е дел од проектот „НЕ за меѓуврсничко насилство” соработка на ЕЦ Едусфера и НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.
Социјалната иницијатива тежнее кон запознавање на учениците со формите на меѓуврсничко насилство, несаканите последици и траумите кои може да настанат од истото, охрабрување да зборуваат на темата, развивање на емпатија и поддршка и чувство на припадност. За време на активностите консултирано е стручно лице од областа – психологот Наташа Бекирова.
Проектот е поддржан од Министерство за култура, а кулминацијата на проектот ќе се случи во септември. До тогаш активностите од иницијативата може да ги следите на инстаграм профилот и на фан страната на фејсбук
Фотографиите подолу се од изведбите на тетарските претстави на учениците од минатите години. А истите зборуваат за комплетната посветеност, одговорност и ангажман на ученицитѕе од Едукативниот Центар Едусфера.