Претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ е избрана во официјалната конкуренција на еден од најзначајните фестивали во регионот. Истата, Ќе бидеме дел од 69тото издание на Стеријино позорје во Нови Сад.
Имено, „Брод за кукли“, феноменалната интерпретација на пиесата, е длабока промислена, маштовита сценографија која ќе направи да се „замислиш“!
Младеновиќ се истакнува со својот нежен и суптилен пристап кон дејствието кое е во контраст со обичниот поагресивен пристап на игра. Сценографијата и кореографијата ги претставуваат сонливите сегменти на бајките со визуелна нежност и ефективност.
Играта на ансамблот одлично ја прикажува трагичната положба на жената во патријархалното опкружување преку стилизирани драмски и музички делови.
Интегрирањето на елементи од познатите бајки ја демитологизира и разоткрива вистинската природа на буржоаското насилство и илузиите што ги крие.
Оваа интерпретација се одликува со свеж пристап и високо ниво на изведба. Престатавата ги остава гледачите со длабоки размислувања за содржината и пораката на делото.
Режисер – Кокан Младеновиќ
Превод од српски и драматург – Билјана Крајчевска
Сценограф – Валентин Светозарев
Костимограф – Александра Пециќ – Младeновиќ
Композитор – Димитар Андоновски
Кореограф – Андреа Кулешевиќ
ИГРААТ:
МАЛАТА СЕСТРА, АЛИСА, СНЕЖАНА, МАРИКА : Сандра Грибовска – Илиевска
ЗЛАТОКОСАТА, ПАЛЕШКА, ПРИНЦЕЗАТА, ЖЕНАТА : Викторија Степановска – Јанкуловска
ВЕШТЕРКАТА : Илина Чоревска
ГОЛЕМАТА СЕСТРА : Катерина Аневска – Дранговска
МАЈКАТА НА ДЕЦАТА, МАЈКАТА МЕЧКА : Валентина Грамосли
ТАТКОТО МЕЧОК : Петар Спировски
МЕЧЕТО ‒ фино момче и татко на детето на Жената : Мартин Мирчевски
ОРЕЛОТ на ЖЕНАТА (истовремено) ОРЛЕТO : Никола Пројчевски
ЏУЏЕТО СЕЗНАЈКО : Марјан Георгиевски
СПАНКО : Филип Мирчевски
ЏУЏЕТО ЛУТКО : Живко Борисовски
ЖАБЕЦОТ ‒ познат уметник : Огнен Дранговски
ЛОВЕЦОТ (SВЕРОТ) ‒ мецена : Петар Горко
ЈОВАНЧЕ, ЗАЈАКОТ : Никола Стефанов
Инспициент – Димитар Михајловски
Суфлер – Гордана Михајловска
Шминка – Стефанија Стојчевска
Тон мајстор – Александар Димовски
Светло мајстор – Игор Мицевски
Реквизита – Спасо Петрушев
Видео проекции: Владимир Переловски, Филип Ошавков