Мислела дека се допишува со Бред Пит – Французинка била жртва на измама што ја чинело 850 000 долари

Мислела дека се допишува со Бред Пит - Французинка била жртва на измама што ја чинело 850 000 долари

Лажниот Бред Пит ја остави Французинката без заштеда – Како? Дали љубовта кон холивудската ѕвезда може да чини цело богатство? За една Французинка, одговорот е сурово „да“. Ен, 53 – годишна дизајнерка на ентериери, беше жртва на измама што ја чинеше 850 000 долари.

Како Лажниот Бред Пит успеал да ја измами французинката?

Сè започнало кога жена, преставувајќи се како мајката на Бред Пит, ја убедила Ен дека славниот актер ја бара токму неа. Со помош на вештачка интелигенција, измамникот креирал фотографии, пораки и сценарија што изгледале како совршен романтичен филм.

Во текот на 18 месеци, лажниот Бред Пит ѝ испраќал љубовни песни, изјави за брак и лажни причини за финансиска помош. Од „царински такси“ за подароци до „медицински трошоци“ за рак, измамникот постепено ја осиромашил доверливата жена.

Кога сонот станува кошмар

Вистината излегла на виделина кога Ен видела фотографии од вистинскиот Бред Пит со неговата партнерка. Иако нејзината ќерка  веќе ја предупредила за можната измама, Ен не сакала да верува.

Опомена за дигиталната ера

Целата приказна е мрачен пример за тоа како вештачката интелигенција може да биде злоупотребена. Додека светот на технологијата  нуди бескрајни можности, тој истовремено крие и опасности за наивните срца. Љубовта е убаво чувство, но довербата во дигиталниот свет треба да се дава со голема претпазливост.

Поука: верувајте во љубовта, но секогаш поставете безбедни граници

Ова случување покажува колку е важно да бидеме внимателни и во дигиталната ера. Технологијата може да изгледа како совршен соработник, но кога станува збор за љубовта и човечките односи, секогаш треба да поставиме здрави граници. Не дозволувајте да бидете водени од виртуелни импресии кои не нудат вистинска сигурност. Чувствата не се виртуелни слики. Тие се базирани на доверба и искреност.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]