Курбан Бајрам – Празник за хуманоста, хармоничните односи, благосостојба и мир

курбан бајрам

Курбан Бајрам e вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. Верниците од исламска вероисповед, денеска го слават овој магичен празник кој раскажува чудотворна приказна за убавината на доброто во светот. Во величествена атмосфера на првиот ден од празникот, верниците ја изведуваат молитвата за Бајрам – Бајрам намаз. Ова е најмоќна молитва која започнува уште во раните утрински часови, а со неа верниците бараат милост од Алах.


Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Хуманоста, како и стремежот кон хармонични односи меѓу луѓето, благосостојба и мир се сето она што зборува за овој празник.

Курбан Бајрам трае три дена. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.

Фотографии: Агим Џело