Инспиративна приказна за LEGO коцките – Како настанал гигантскиот бренд

лего коцки

Името Лего коцки има интересна историја. Имено терминот LEGO го смислил столарот Оле Кирк Кристијансен и неговиот син, Годфред Кирк. Пред основањето на најпопуларната играчка во светот, Лего било столарија и ја започнало својата приказна во селото Билунд, Данска во 1932 година. Што се однесува до значењето на LEGO GOD, тоа во превод значело „добра игра“. Но, најинтересен е фактот што подоцна се дознало и другото значење од страна на основачите. Всушност истиот термин на латински се преведува како „јас составувам“.

Но, како започнала оваа приказна, погледнете во видеото кое преку интересна анимација потенцира важна животна порака: „Никогаш не се откажувајте, па и покрај непредвидиливите настани и препреки продолжете понатаму!“

Но, пред тоа прочитајте неколку интересни податоци за лего коцките и погледнете уште едно видео за најголемиот колекционер на лего коцки во светот.

  • Доколку сите ЛЕГО коцки произведени во текот на една година се наредени една до друга, тие би достигнале должина поголема од пет пати од обемот на планетата Земја.
  • Прецизноста на калапот што се користи за правење LEGO коцки е до две илјадити дел од милиметарот, или 0,002 mm. Поради ова, на секој милион произведени коцки, во просек има само околу 18 кои не ги задоволуваат високите критериуми на компанијата.
  • Најголемиот колекционер на LEGO коцки во светот, Хоанг Данг од Виетнам, има повеќе од 2 милиони поединечни коцки, кои најчесто ги користи за да рекреира индивидуални сцени од улиците на Виетнам.
  • Во просек, секоја секунда се прават 1.300 ЛЕГО коцки, 78.000 цигли секоја минута и дури 4.680.000 цигли секој час.
  • Во многу ретки случаи кога ви недостасува коцка од вашиот сет или сте ја добиле напукната или скршена, можете да побарате да биде испратена на вашата адреса бесплатно преку официјалната веб-страница на LEGO.
  • Во 2009 година, Џејмс Меј од Сари, Англија ја изгради првата вистинска куќа од LEGO коцки, за која беа потребни 3,3 милиони поединечни парчиња. Имаше функционален тоалет, туш и кревет направени од лего коцки.
  • LEGO е најголемиот светски производител на автомобилски гуми, бидејќи произведува и продава повеќе од 400 милиони гуми за своите различни производи.
  • Има толку многу LEGO коцки во светот што секој човек има во просек по 86 парчиња. Извор