„Креативна работилница“ ја врати довербата кон стручните училишта! – Модата е уметност и дел од културата како концепт на живеење

„Креативната работилница“организирана од Продукција Божиловиќ во битолскиот офицерски дом, стана јазикот на изразување на модата. Целта на „Креативна работилница“ е да ги поддржи и промовира текстилната струка и модниот дизајн. Истото претставува идеална плоча за внесување на иновации и едукација во оваа област. „Креативната работилница“ е галерија на идеи и облека.

Фото: СМАРТ.СДК.МК

Од уметност до култура, текстилот, присутен во сите сфери на нашето живеење го претстави карактерот на овој настан. Презентациите и разговорите со гостите , вклучувајќи ги истакнатите етнолози, новите модни брендови како и студентите од креативната струка, го нагласија важниот удел на текстилот во модата и културата.

Од инспиративниот моден бренд FREAKY, креиран од ИТ техничари со цел да ги задоволат потребите за екстремни спортисти како скејтери и сурфери и брендот a_court_потпишан од тенисерскиот судија Анета Павловска, овој настан на „Креативната работилница“ ги изложи различните сегменти и можности во текстилниот дизајн.

креативна

За сите креативци и иноватори, текстилната струка нуди бројни можности за истражување. Иновации и успешно финансиско осмостојување , вклучувајќи и можност за работа како фриленсер преку дигитални платформи.

Организаторите не завршија само на претставување на модните тенденции. Исто така ја воведоа публиката во дигиталната ера на модата преку платформата ZARYA. Оваа платформа ќе овозможи креирање на конкурентна креативна работна атмосфера.  „Креативната работилница“ го валоризира прашањето околу подигнување на свеста за екологијата  и одговорноста кон текстилниот отпад. Со секоја презентација и демонстрација на на вештините на младите текстилни експерти, оваа работилница која го содржи клучниот збор на егзистирање,  „Креативна работилница“ ја претстави модата како уметност и дел од културата. Нејзиното дејствување ја поттикна и следната генерација на модни креатори да ги истражуваат своите креативни потенцијали во текстилната индустрија.