„Креативна работилница“ иницирана од „Креативен ден“ – Вмрежување на модниот уникум и валоризирање на талентот

На 12 Април во петок 2024 година, во 11 часот наутро, во просториите на Офицерски дом во Битола, ќе се одржи „Креативна работилница“…

Убавината и уметноста на дизајнот ја перцепираат исклучителни луѓе. Се нарекуваат креативни. Нурнуваме во современата модна култура и љубопитно се трудиме да ги разбереме сите нијанси… Целата палета на бои што ги носи уметноста… Пулсот на сето она што се нарекува креација, имагинација, просторен потенцијален уметнички механизам и капацитет за творење на извонредни приказни. Нашиот интернет портал веќе извесно време следи една токму таква извонредна приказна. Се нарекува „Креативен ден“. Токму по таа иницијатива, произлезе и приказната за „Креативна работилница“.

Креативна работилница

Нагласувајќи ја современата мода и културата кон дизајнирањето, настанот „Креативен ден“ е и линк помеѓу бизнис секторот и образованието. Тоа е етаблиран повик за активно вклучување во модната индустрија како посебна гранка со доблесна намера за враќање на довербата на младите од текстилниот отсек на средните училишта.

Фокусот кон модниот свет како уметност и иницијативата да се промовира модниот дизајн и поттикот на младите кон претприемништво, ја објаснува целта на настанот кој ,,Разбуди се” го поддржува со задоволство.

Имено инспирирани од настанот, кој е во организација на професорките, динамичното трио од текстилната струка на СОУ Таки Даскало – Анита Стефановска, Ема Ќука, Живка Танушева и Весна Божиловиќ од продукција „Божиловиќ“ како креативно јадро на настанот „Креативен ден“, со интенција да се продлабочи улогата на модата во повеќе сфери, се истакна приоритетниот дијалог за промена. Затоа, во петок на 12 Април во 11 часот наутро, ќе се одржи креативна работилница. На неа, учениците од СОУ ,,Таки Даскало” Битола од текстилната насока, ќе имаат можност да го претстават својот талент. Да ги промовираат своите идеи и креации. Да ја доловат техниката за дизајн на облека со изработка на модни додатоци.

За време на оваа креативна работилница, учесниците и гостите ќе имаат можност да проследат презентација на дигиталната платформа ZARYA. Гостите на настанот кои ќе ја потенцираат и признаат улогата на модата како визуелен идентитет на градот и талентот кој сеуште урбано пулсира на секаде во Македонија, ќе бидат Академија СКАЛА – Скопје; Александра Филипова, креативен директор на BlackBello; Наде Геневска Брачиќ, етнолог. Меѓу модните брендови, ќе ја раскажат својата приказна, лајт мотив и,, a_court_”;,, FREAKY”, ,,13_onethree_13.” Ова е уште еден поттик за преземање на смели чекори. Се гради модна приказна што одново ја буди визијата, квалитетот и значењето на текстилните индустрии.

Креативна работилница иницирана од „Креативен ден“ – Настан кој го промовира модниот дизајн и ги поттикнува младите на претприемништво.

Креативна работилница