Креативен ден 2024 во Битола – Епицентар на културата и модните случувања

„Креативен ден 2024“, настан кој се одржа во импозантниот простор на „Офицерскиот дом“ во Битола на првата вечер од месецот на липите, 2024 година. Интернет порталот „Разбуди се“ со огромна чест и задоволство го следеше настанот веќе неколку месеци. Ова беше прекрасно патување.

Идејата на ,,Креативен ден 2024″, потекнува од Весна Божиловиќ од продукцијата Божиловиќ. И професорките Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Танушева Ицановска од текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“ Битола. „Креативен ден“ имаше за цел да ја подигне свеста за проблемите со текстилниот отпад и прекумерната потрошувачка. Како и да ги поттикне младите да учат занаети и да стекнат финансиска независност.

На настанот ,„Креативен ден 2024, познати дами ги носеа креациите на младите таленти кои беа под менторство на своите дизајнери.

На сцената воодушевија сите учeсници. Меѓу нив беше тимот на Христијана Голубовиќ (моден дизајнер). Јасмина Атанасова (наставник по стручни предмети во средното медицинско училиште и наша реномирана поетеса како дамата што ја носеше импозантната креација… И Виолета Мишакова, ученик на текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“ – Битола.

Соња Кондовски, дамата што носеше уште една елегантна креација е мајка на три деца… Професор по француски јазик во Француската Алијанса во Битола… Учесник во бројни проекти за промоција на француски јазик. Судски преведувач, како и овластен испитувач за меѓународни испити за француски јазик. Соња блесна во креацијата на веќе еминентното име, модниот дизајнер Маја Андреевска и ученичката Мелинда Ајдиновска.

Александар Ортаковски беше модниот дизајнер на впечатливиот модел. Креација во боја на страста. Во црвено, ја видовме и дамата Јасмина Ортаковска, одделенски наставник и ученичката Маја Автаровска како дел од тимот.

креативен ден 2024

„Инспирациите се насекаде околу, но и во самите нас, а костимот открива приказни“ – Благој Мицевски модниот дизајнер, Христина Секирска – ученичката и Марина Цигарида, регионален менаџер за продажба на АВОН – дамата на креацијата со посебен потпис.

Автентични креации и впечатливи модни тоалети дефилираа на модната писта од тимови од Битола, Богданци, Прилеп, Штип, Охрид… За ,,Креативен ден” гласно зборуваше цела Македонија.

Во авангардниот „Офицерски дом“, Битола се потсети и го слушна урбаниот крик на градот. Како епицентар на културата и модните случувања0, ваквите идеи продолжуваат да креираат автентични приказни со големи пораки меѓу редовите.

Фотографиите нека зборуваат за звучните имиња на учесниците и брилијантните успешни дами кои ги имаше во задоволителен број. Аплаузот од публиката го потврди трудот и ентузијазмот на сите учесници, а тимот на интернет порталот  „Разбуди се“ се гордее со добиените позитивни фидбеци од домаќините и гостите за водењето на настанот.

Приказната заврши со длабоко прашање кое ќе не замисли:

„Ова е приказна по потрагата и градењето на идентитетот во ова конзумеристичко општество кое секој ден-нешто како аватар на социјалните мрежи – може да те сокрие или разоткрие… Да исчезнеш како свој… Или да станеш дел од нечија колективна приказна на масата.“, рече Крајчевска, драматург во Народниот театар, Битола.

Драматургот Билјана Крајчевска излезе на сцената во креација на маестралниот Muamed Malikowsky и Флоренсија Дурак, пренесувајќи ја раскошната и впечатлива порака на времето во кое живееме. Неговиот раскош е она лице на времето кое го живееме – да грабне, да заслепи, да те заведе.

Настанот „Креативен ден“ беше извонреден успех кој не потсети дека вистинскиот идентитет и креативноста, се клучни во нашиот комунитет.

И конечно, не може, а да не ја спомнеме прекрасната музичка изведба на младите талентирани пијанисти, Теона Буџаковска и Јане Петровки како Пијано Дуо. Овие шестооделенци имаат освоено многубројни меѓународни први награди на натпревари во државава и во странство. Нивната изведба на дела од Јозеф Хајди. Унгарско Рондо и Либертанго од Астор Пјацола, го облагороди просторот… Му даде незаборавен шарм на содржината и формата на „Креативен ден“ во првата вечер од месецот на липите.

„Креативен ден“ изразува специјална благодарност до двигателите на иновацијата. До компаниите кои овозможија да се претвори овој настан во нешто уникатно.

Имено, вечерта, изгледот на моделите беше надополнет со накит од брендот Тисенто кој може да се најде во сите продажни места на Божиновски часовници и накит, а сите гости добија ваучер со 15% попуст за накитот од овој бренд.

Аплаузот одекна во грандиозниот простор за оние кои гласно зборува во име на уметноста и модата. Оние кои несебично го поддржаа „Креативен ден 2024“:

Perwoll, Кромберг и Шуберт, Тахомобил, Божиновски Фондација, Тритекс, Албатрос, BlackBello дизајн студио, ОПТИКА Zeiss, Oriflame, Avon, Silver Moon, S&S Silvy Style, LDR Parts, Franck кафе, Сук Импекс, Матекст – 08, МинеТекс, Цвеќарница Green Garden, Цвеќарница Витраж, Ермитаж. A бекстејџот беше под палката на Орифлејм & Ајтен, Art фризерско и мејк ап студио и Лаурел Козметичко Студио.

Креативен ден 2024 – Затоа што модата е најголема уметност!