Кошарката се враќа на голема врата оваа мајска пролет! Над 30 екипи од пет држави. Стотици млади таленти и ветерани. 13 Меѓународен Велигденски Кошаркарски Турнир во организација на КК Младост. Турнирот ќе се игра во два викенда:
3 – 4 мај – младински категории (деца од 4 до 16 години)
10 – 11 мај – ветерани 40+
Кошарката во Битола ги поврзува сите возрасти.
Од најмладите – дечиња од 4 години, до децениско искуство. Овој турнир не е само спортско натпреварување, туку празник на тимскиот дух, фер – плејот и регионалната соработка. Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Албанија ќе бидат претставени на терените низ градот на конзулите.
+30 екипи од 5 земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Албанија – сите под ист покрив на фер – плејот, страст и кошаркарско другарство!
Натпреварите ќе се играат на повеќе спортски терени низ Битола: СЦ „Боро Чурлевски“, ОУ „Коле Канински“, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ и Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“.
Отворањето е на 3 мај во 18: 00 часот во Медицинско училиште, а претседателот на КК Младост, Горјан Стојановски, вели:
„Овој турнир не е само спорт, туку вистински празник на пријателството, генерациското поврзување и љубовта кон кошарката. Битола станува силна точка на кошаркарската мапа на Балканот!“
пишува: Ромина Марковска