Празнична кошарка-Велигденскиот турнир 2024 ја оживува Битола

кошарка

Празнична кошарка! Велигденскиот турнир ја оживува Битола!

Отворањето на Велигденскиот турнир на кошарката во средното медицинско училиште д-р Јован Калаузи во Битола ќе се случи на 11ти мај, 2024 година во сабота во 13 часот. Тоа е повеќе од само спортско настапување. Toa e празник на младоста, на историјата на нашиот град и на вистинската љубов кон кошарка та.

кошарка

Турнирот е организиран од страна на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола и поддржан од Rhino Entertainment Group. Тој ги обединува децата и младите во љубов кон еден од омилените спортови, кошарката.

Во таа смисла, Горјан Стојановски, претседателот на клубот „Младост“ од Битола, ќе рече

Овој турнир е многу важен за нас бидејќи преку него ги спојуваме децата и љубовта кон кошарката. На 11ти и 12ти мај, околу 30 младински екипи ќе учествуваат во натпреварите. А на 17ти и 18ти мај ќе имаме и 8 екипи ветерани.

кошарка

Преземајќи го веќе традиционалниот формат, овој годишен кошаркарски настан претставува уште еден чекор напред во растот и развојот на кошарката во нашиот регион.

За да се овозможи побројно учество, Велигденскиот турнир во кошарка ќе се одржи во два дела. Првиот дел ќе се одржи на 10ти и 11ти мај, наменет за младите кошаркари и кошаркарки. Во оваа сесија ќе има категории за момчиња родени во 2012 и 2013 година. Девојчиња родени во периодот од 2010 до 2012 година како и мешана категорија за млади кошаркари и кошаркарки родени во периодот од 2014 до 2016 година.

кошарка

Вториот дел, закажан за 17ти и 18ти мај, ќе биде посветен на ветераните во кошарката. Втората сесија ќе ги обедини мажите над 45 години  и жените над 40 години. Тоа претставува одлична можност за поранешните кошаркари да се вратат на теренот и повторно да го осетат вистинскиот пулс на кошаркарскиот спорт.

Одлична вест е дека учеството на турнирот е целосно бесплатно. Целта да се охрабри и поддржи учеството на сите заинтересирани кошаркари и кошаркарки.

Правилата на играта побаруваат:

-секој тим ќе одигра 3 натпревари(лига-систем)

-секој тим мора да донесе два комплети дресови за играње во две различни бои

-мора да донесе свое државно знаме

-секој играч мора да има валиден пасош. Истиот мора да се прикаже на почетокот на секој натпревар заедно со списокот на сите играчи на тимот и официјални лица

Исто така, турнирот не е само за спортистите. Тоа е за добробит на  целиот комунитет. Како што младите учествуваат и растат во спортот, тие стануваат лидери во своите заедници и примери за следните генерации.

Спортските сали во Битола се подготвени да го пречекаат најдоброто од кошаркарската умешност во рамките на Велигденскиот турнир. Во училишната спортска сала „Д-р Јован Калаузи“ со капацитет од 500 гледачи и паркинг за автомобили, учесниците и нивните придружници ќе можат да уживаат во натпреварувањето, сместувајќи се на само 5 минути во центарот на градот.

Градската спортска сала „Боро Чурлевски“ со своите 3 000 места за гледачи и голем паркинг на возила, понудува удобно место за натпреварување. За заедничко вкусување на кошаркарските моменти. Исто, на толкава оддалеченост, само 5 минути од центарот на градот.

Уште една училишна спортска сала, „Јосип Броз Тито“ со 300 места за гледачи и уличен паркинг, нуди можност за учество и следење на натпреварите, лоцирани на 10 минути пешачење од центарот на градот.

На крајот, сала „Јане Сандански “ иако најмалата со своте 50 места за гледачи и уличен паркинг, пристапен на само 5 минути од центарот на градот. И како да не ги споменеме Мики, Мини и Зума кои ќе ги забавуваат најмладите учесници на самото отварање на турнирот, исполнувајќи го просторот со радост и забава.

кошарка

И овој пат кошарката ќе продолжи да инспирира радост.

Пишува: Ромина Марковска