Празен ли е градот и во која смисла е празен? Така некако спонтано започна муабетот на Александар Копања во југото на Мими. А Копања на ова констатира:
– Некако е празен од страна на интелектуалниот капацитет. Како да одеднаш заминаа тие личности… И откако се ,,даруваја” наваму – натаму (ко невести), Копања во југото на Мими, раскажа како се вљуби во театарот. Како започна неговата актерска приказна.
Според него, интересен е моментот кога сите од публиката, молчат, а еден зборува на сцена. Се согласваме дека е фасцинантен тој момент и таа енергија шо актерот ја пренесва преку претставата и фидбекот како идеален финиш во громогласен аплауз и…Публиката е онаа која пресудува и…
Философираме а? Се занесивме тро, ваљда ОПЕТ се приклучи алармО за пишење. Ама сега не е време за колумни и на долго широко да раскажваме ко шо си знајме, ами време е за уште едно шоу на Мими и неговата емисија MIMI YUGO. Што е татар? Шо фали кај нас и шо дешават во светО? Што значи искуството…? Се сеќавате ли на,,Без паника” каде Александар играше заедно со Марјан Георгиевски и Никола Пројчевски – комедијата што најдолго се задржа на репертоар и кочку тоа беше бум и надвор од нашиот град…
Верваме дека го украдивме вашето внимание, а каков муабет понатаму се разврзва меѓу Александар Копања и Мими, погледнете во видеото што следи.
Имено Александар е докажан актер, секогаш со уникатна идеја и ентузијазам за уште повеќе. Амбициозен и креативен човек, составен дел од театарскиот свет.