Само кукаме, се жалиме, се таквојме шо вела…Сѐ некои сериозни вести го напаѓат интернетО, телвизиите, магазините. Кој умрел, шо умрел, кајма бомби, оружје, парламентот, државата, лошотилукот. Епа ние одлучивме да се будиме со убави вести и убави содржини кои ќе ја избегнат та цела токсична енергија. Мислам, зошто да ни врни над глата, ко можи да го тргниме облакот.
И така еден битолчанец дојде до интересна идеја за необична емисија која ќе ве расположи, насмее, опушти. Тој реши да не „извај“ малку од тој филм и да не одржава во кондиција. Се разбира, во југото на Мими. Се разбира во позитивна смисла. Видета на Мими се опуштени, без паника, без претходно подготвени прашања или одговори, строг кодекс на облеквање и некои софистицирани муабети. Се цепи на битолски и стварно е пријатно да ги слушаш интервјуата.
Патем, пак ќе го гибниме креаторот на цело шоу оти климата му е рачна, а парното во југото на Мими мора да се изгаснело на многу сложен начин. Значи требало да се отвори хаубата, да се застанело, цела процедура… Попара. Али во то е штосот на југото!
Инаку овај гостин е добро познат актер вработен во нашиот Битолски Театар. Зборува за уметноста, театарот, животот во Битола и фала Богу дупките по улици.
Ве одржаваме во кондиција со позитивни теми и со видеата на Мими, ве оставаме будни. Уживајте, а ако сакате да го запознаете Никола Пројчевски и од другата страна, прочитајте го и интервјуто на актерот со razbudise.mk тука. Доколку до сега не сте го виделе Мими, одделете некоја минута, сместете се комотно и крцкајте.