Марјан Георгиевски во поткастот на Лазаров – Најновите видеа продолжуваат на ,,Разбуди се”

Марјан Георгиевски во поткастот на Лазаров – Најновите видеа на Razbudise. mk

Јако е да го гледаш финалниот производ. Ама уште појако е ко ќе го видиш целиот процес и како тоа нешто се создава. Или како се креира. Поточно… Кој е човекот кој ги креира најурнебесните видеа кои стварно прават бум на македонската сцена веќе со години наназад.

Го следат генерации и сите имаат се поголем апетит за уште и уште. Кој е творецот на најдоброто стендап шоу во Македонија? Во поткастот на Лазаров, Марјан Георгиевски откри како започна неговата актерска приказна.

Што значи да се биде актер на сцената во театар… И што значи да си ,,во чевлите” на сите ликови кои ги играш на сцена.

Марјан си ја отвори душичката. Така, раскажа од каде потекнува инспирацијата и како всушност тој се најде во медиумскиот, филмскиот и театарскиот свет. Како дојде до идејата и која беше причината.

И сите големи работи започнуваат од малку, а неговото ,,малку”, навистина стана многу. На далеку прочуено МНОГУ и приказна во која се пронаоѓа секој човек, системот, сегашноста, општеството, а и светот. Како ги создава ликовите и шо уште му се,, врти во главата” ? Богами burnout!

Нашиот Марјан Георгиевски во сите свои животни приказни не спомна и нас razbudise.mk. А ние, си се почувствувавме горди( да не речиме се подувме ко пауни) што во моментов сме дел од една голема негова крeација.

Имено, Разбуди се продолжува да ја поддржува најуникатната идеја и ги промовира видеата на најдобриот стенд ап комичар, актер, автор, режисер, Марјан Георгиевски. Секако, продолжуваме со позитивна енергија, убава мисла и ве будиме во колоритен свет во кој ќе уживате со забавни содржини, занимливости, промовирајќи ја културата, уметноста и секако видеата на Марјан. Наскоро најново видео ,,Луда куќа”, а што ќе се случува со нивното секојдневие, ќе можете да видите на нашиот интернет портал.

Секако, голем аплауз и за поткастот на Лазаров кој е уште еден пример за тоа колку можат навистина соништата да се исполнат. Храброст е еден ден да се разбудиме и да го направиме тој мал чекор кој кај овие луѓе стана навистина инспиративна голема приказна.