Марјан Георгиевски со нови урнебесни видеа!
Гори во лудата куќа на Марјан Георгиевски! Едната повраќа, другата кашла, третата мириса… И за забавата да биди уште попојачана, со Раде нема играње играчки. Ќе пржел риби и удри ан весеље. Па нека гори! Милена е приморана „да биди своја“ и да го експонира својот „извонреден“ талент на социјалните мрежи, рекламирајќи ќебе.
И во цела таа збрка, Жана се жали оти снаата (Елеонора) го затруднила Саше. Кутро дете, заведено е. Вечната кавга на релација сна – свекрва ваљда ќе трае и трае. Жана лелека и е жал синот. Се бара солуција за проблемот трудноча, а најголемиот страв: „Да не бидат близначиња!“ – вели мајката , дури дупи желба во кафето и муабети со Мирето комшивката. Марјан Георгиевски брилијантно ги одигрува сите ликови, секој со свој белег или… Секој со фестивалите.
Во продолжение дозволете си уште едно „урнебесно“ уживање. Препознавањето во ликовите не баш и е случајно, па голема е веројатноста секој од нас да си има поминато низ сито и решето во двособен стан. Различни табиети, генерациски јаз, главоболки, вести на цел глас, гледање на кафе и мирис на пржени риби. Шо би рекла Жана, веќе омилениот лик на публиката: „Леле, леле, леле!“ Видеата насловени како „Подварок“ и „Ќебе“ погледнете ги најгоре во текстот.