Времето жешко, а овие па и високо живеат, на 4ти. Се качи некако Раде на Марјан Ѓеоргиевски по скали и набра 3 Кила цреши… Си ја гледа женичката. А ова па уште мани му наоѓа. Ќе го скинела оти се пентерел на дрво…Резил ќе се стореле пред комшите и пред цела јавност ако го виделе оти кради цреши качен на дрво. На фејсбук ќе го калеле, шо прајме после!
-Ама на никој не е црешата – се правдаше Раде на Марјан. Ја сретнал и Мирето комшивката по скали, па ај вели да и дај и неа едно кило. Нека каснат и тие греота се. Фала Богу на Жанета притисако во вис и му се исконтри на мажот му.
-Сите цреши има тука да останат! Нема давање! Една цреша нема да види Мирето,. таква ми е диетата!
Кутри Раде одма со совети оти ја претера со овошјето сопругата, милата та… Ќе ја спотера од шо се натапани, ама остај ти диетата. Ова од инает е, зихер. И богами од инает е!
Сакала Та Мирето на Босворо да оди! Туристички аранжмани нашла, ќе се плажира, синкир до цреши дојдено му е. А ваму немаштија. Ќе се топорела таму на плажа, со нашите пари, царица ќе била,. а тук за без пари цреши сакала.
-Една нема да јади јас ти кажвам – ќе свика Жана. – Мои ние немаме пари, ама душа имаме!
И тера вара, се заклучи оти одмор си бара душичката. Убо било да посетиш таква дестинација…Ама о ќе видиш ќе се попариш на то жешкото, ќе се ракосаш цел, кај ќе барат доктор овие од лудата куќа на Марјан. Ни доктор знат, продавница да влезиме еден јогурт не знајме да купиме да го измачка Жана ако изгори. Овај де…Црешите шо му ги набра.
И да, врти сучи, се претвори во фамињарен состанок муабетот и се постави прашањето „Каде на одмор. Е сега Пефкохори, Паралија, Лептокарија, одделение на геријатрија има отворено, па Жана не е Ногу Ногу за таму. Колку сака нека има аранжмани…Така да…Златно Стење..Шубо си врвеа на времето… На дневен ред се кладоја и златните песоци Бугарија, ама и таму Жана денар не дава. како не, тие н мразат, таму ќе му одат..
…Па за кај падна одуката и кај ќе се плажират, останва да видите во најновото видео, новата епизода на на Марјан Ѓеоргиевски.