Епа богами Жана фалеше, а едно врапче ни шепна оти и на Марјан му фалеше Жана. И секако… како и секое македсонско семејство шо е во тек со ситуациите, ете и Жана го следи „актуелното“. Напнатоста продолжува, а терапијата е секако македонска кујна и некоја цреша од централа со ракиче успат. Колку за циркулација.
Туку пуста Мира, комшивката многу саклдисана. Насекирана му се жали на Жана во оваа епизода на Марјан Георгиевски. Абре не знај кај тера со тој пусти Ицо. Ама кој знаел оти нема да победат нивните? Му велела на Ицо да се тргни совреме од та пуста партија, ама тој не…уште малку. Уште некој денар да изваел за кампањата и ќе се тргнел.
-И шо пари извај мори Жане, само за два одмори толку… – Ќе се изжали пуста Мира. Ама то е… Се излажала и си рекла оти ќе останат овие „неговите“ на власт… Пусто наше..
-Кај ќе акате низ светот – ја пецна Жана во нејзин стил. Таков стил… балкански, облечен во ропче од на баба ми времето и фризура шо се средва со витлери повремено (само за на свадби и чат пат ако ја извај Раде на Корзо на семки и сончоглед).
-Мислев ќе останат овие неговите – вели Мирето со туфкање.
-Вашите мислиш! – му контри Жана. – Како стана главна сестра в болница? Да не земаше поубо крв од Тања? Ај да не се лажиме…
И во најновата епизода од видеата на Марјан, Мира се сакати од правдање оти не било партиски вработвањето. Ами станала таму главна сестра оти немало кој. Не за друго. Сите сестри испозаминале Германија и сеа по 3000 евра земат таму…
– А јас на крајот овде главна главна едвај 45,6 илјади ги вадам… Со прекувремени
Е сега…И Македонија не е убо така напразно да се збора, па се некако се врти работата…
И така…Од шо бил со „крсто на чело“, клучо од штабо остана во Ицо..
–Ојте таму под черџе скријте го клучот. – ја советува Жана – И олабајте овие 2-3 години. После пак ќе се изнапикате, ве знам јас вас шо сте вие! – ќе поентира веќе омилениот лик во секоја македоснка куќа.
А јас пак, се зазборав… Ви останва да го пуштите видеото и да се изнасмејте фала богу. И си немаме со споредвање на ликојте…Иако ни еден лик не е случаен.. Се така ми личи!