Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е важен и урбан дел од градското јадро на Битола.
На денешен ден, 6 февруари, 1945 година започна наставата на Македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ . Оттогаш, 79 години исправено се носи со сите воспитно-образовни предзивици кои ги носи текот на времето.
-Библиотеката не е место само каде што се складираат книги, туку и место каде се споделуваат големи идеи, па така настана кусиот филм „Старецот на сите генерации“. Токму во училишната библиотека, на малите одмори. – Вели проф. Биљана Т. Димко ментор на екипата.
„Некои ќе речат, 79 години не е јубилеј. Но, постојаната работа со гимназијалците, кои секоја година понесуваат значајни награди на државни, меѓународни натпревари, кои вредно учат и својата иднина ја градат од темелите кои токму овде во оваа Гимназија ги поставуваат преку редовната настава и воннаставните активности – високите спортски, уметнички, општествени и достигнувања во природните науки, се гордост на целиот град.“ – Додава Биљана,а ние со аплауз ја наградуваме идејата, трудот на учениците и целата екипа.
Имено, Филмот е режија на Давид Козаров, сценариото е дело на сите учесници во филмот.
Улогите ги толкуваат: Борис Граматковски, Ана Спасеска, Дарко Велкоски, Илина Козарова, Горазд Петровски, Ангела Наумовска, Мими Марковски , под менторство на проф. Биљана Т. Димко
Во продолжение погледнете го нивниот емотивен филм со автентична идеја што ја слави популарноста на нашата (по битолски) т.н. Горна Гимназија.