Има некои особено чудни закони во светот. Некои чудни закони изгледаат шокантно, а други се сосема непотребни. Како и да е, законите се изум на човекот и додека не се појави некој револуционерен начин на управување со заедницата, овие закони ќе останат како сведоци на несфатлива логика.
Данска – заштита на имињата…
Ако родителите одлучиле да му дадат необично или навредливо име, само владата има право да го одобри тоа. Данските родители имаат листа од 24 000 имиња, легализирани од државата, а надвор од таа листа, треба да се добие дозвола од специјална комисија.
Канада – забрана на „шетачот“ како поддршка за мали деца
Строго е забрането користењето на шетачи како поддршка за мали деца кои сè уште не можат да одат. Непочитувањето на ова правило може да ви донесе парична казна од 100 000 канадски долари или шест месеци затвор.
Бурунди – забрана на трчањето во група
Во оваа земја, трчањето во група се смета за потенцијално опасен чин поради можни етнички конфликти. Големите групи спортисти може да завршат зад решетки, додека единичните тркачи не преставуваат проблем.
Северна Кореја – строги забрани и ограничувања
Во Северна Кореја се имплементираат најстроги забрани како на изборот на фризура и употребата на странски културни продукти. Овие мерки служат за заштита на младите од западната култура и влијание.
Абу Даби – обврска за миење автомобили
Властите во главниот грас на Обединетите Арапски Емирати се загрижени за се што може да го наруши имиџот на градот. Возачите треба редовно да ги чистат своите автомобили од прашина и нечистотија. Во спротивно, следува казна од 500 дирами. За враќање на автомобилот мора да се плати посебна такса.
Светот е полн со чудни закони!