„Блузот не е мртов!“ – Игор Џамбазов и Гуру Харе на 21ви октомври во Македонската филхармонија

Игор Џамбазов и Гуру Харе со коцер „Првите 30“

Блузот не е мртов, да живее блузот… Со Гуру Харе бевме кај дедо ми Петре на гости. И добивме благослов за 21 октомври и нашиот славенички концерт во Филхармонија…
Ни кажа: “Терајте деца со тоа блузот, шо и да е тоа…”
. – Така пишува во најавата за големиот концерт, на инстаграм профилот на маестро Игор Џамбазов.

Имено, Игор Џамбазов и Гуру Харе на 21ви октомври во Македонската филхармонија ќе слават 60 роденден на шоуменот и 30 години пријателство.

Би рекле, борците против шундот, кичот, турбо-фолкот и плејбекот на естрадата, најдобрите блуз музичари, пријатели и музички сопатници, македонскиот виртуоз Игор Џамбазов и маестралниот Гуру Харе, на 21ви Октомври во Македонската филхармонија, повторно заедно.

На севкупно задоволство, Игор и Харе, на концертот ќе го изведат новиот материјал од албумот насловен како „Првите триесет“. Ќе изведат и некои од најголемите хитови.

Вреди да се потсетиме! „Првите триесет“ – насловот на нивниот албум со 17 песни во суперлатив димензија на музичко-содржинска форма и големина. Печатен е во „Сони Австрија “, дизајн на Елисавета Бејкова; фотографија на обвивка – Иван Наумов. Сите овие имиња вредно работеле за да се промовира овој музички високо  квалитетен  производ  со еквивалент на сонце. Старите веќе познати песни се во нов ремикс. Некои се повторно снимени во студиото „ Тра ла ла“ на Мите Димовски кој е продуцент на албумот. Новите песни како „Дебела сенка“ и „Пеј“ со видео приказна во режија на Стефан Рајкл и верзијата на песните „Заветна “ и „Ако умрам ил загинам“ , коегзистираат потполно хармонично со „Да си жив и здрав“, „Две еспреса и бонаква“, „Право дома“, „Диши длабоко“, „Over dose od blues“, „Семето и племето“, „Каква е оваа ситуација“…

„Оваа ситуација“ ќе биде вистинско уживање, а имено и прослава на 60-тиот роденден на Игор Џамбазов.

Во продолжение , уживајте во една од нивните најубави блуз мелодии… И секако, внимавајте на текстот!