Вечерва во 18,30 часот на Плоштадот Магнолија во најопеаниот град на балканските простори, во срцето на Битола, ќе се создаде големо срце коe ќе пулсира во ритамот на бесценетата народна, културна традиција.
Големото Дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници. „Да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. Да се размножат разиграните чекори на „Тешкото“, на „Невестинското“, на „Комитското“.
Фотографијата е превземена од објава на Радио Мрежа 89
ГОЛЕМОТО ДЕФИЛЕ го означува стартот на 53. ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ својот раскошен килим од традиции, ќе го ткае до 31 јули. До тогаш останува да уживаме, во многу боја, раскошна традиција, приказни раскажани низ танцот, филмот, музиката.
Имено, националниот фестивалски настан кој веќе се препознава со епитетот „бренд“ од препознатлива светска димензија, ќе се овековечи со награда во оваа 2023 година на BEAM – Best Event Awards Macedonia.
Инаку што се однесува до она што не очекува вечер, дефилето завршува кај Офицерски дом каде на платото во 20.00 часот е свеченото отворање.