Второ издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал – Посебен фокус кон негување на традицијата на еден народ

интернационален етногравски фестивал

Започнува второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, со кој официјално започнуваат годинешните 53 по ред ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ.

Од 19 јули-среда, Центарот за култура во Битола е и организатор и дом на овој прв фестивал од ваков тип кај нас. Посветен е  на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното наследство од нашите предци, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои културата се негува како оплеменување и оплотување со  разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на филмови од ваков карактер.

интернационален етногравски

Фестивалот ќе трае до 22 јули.

Селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски. Имено Гламчевски е новинар од Франција. Живее во градот Нанси, 60 километри оддалечен од градот Епинал, во срцето на Европа. Гламчевски и неговата сопруга Блондин го креираат Меѓународниот филмски фестивал.

„Се обидувам секоја година во програмата да ставам македонски филм или македонска копродукција, не само дека сум од Македонија туку поради вештините и квалитетот на филмските екипи“ – ќе рече Гламчевски. По минатогодишното прво издание, за оваа година селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.

втор 
етногравски фестивал

Мисијата на овој Интернационален етнографски филмски фестивал е да ги охрабрува истражувачките пристапи. Исто така го охрабрува и креирањето на етнографските филмови. Мисијата е да се разбуди совеста околу проблематиката на чување на културното наследство. Причина е што културното наследство репродуцира елементи поврзани со начинот на живот, систем на вредности, верувања и традиции на еден народ. 

филмски фестивал
етнографски филмски