Гласот што ја променил историјата: денот кога жените го разнишаа светот!
Замисли град каде улиците горчат од неправда. Жените работат по 16 часа дневно за бедна плата. Гласот им е само ехо во темнината.
Таа слика не е фикција – тоа беше реалност во Њујорк во 1908 година.
Гласот што ја променил историјата на 8 март. Над 15 000 жени излегоа на улиците, под мотото „Леб и рози“. Лебот како симбол на економска сигурност, а розите како симбол на подобар живот. Тие барале подобри услови, пократко работно време и –замисли го ова!- „право на глас“. Одговорот? Грубост, апсења, а некои велат и исчезнувања. Но семето беше посадено.
1910 година, Клара Цеткин предложила на Меѓународниот социлалистички конгрес да се усвои 8 март како ден на борба за правата на жените, а во 1917, жените во Петроград започнале со протести, кои се сметаат за искра која го запалила почетокот на Руската револуција и падот на Романови.
И денес. 8 март е многу повеќе од симбол на на нежност. Тој е ден за почитување на постигнувањата и напорите на сите кои продолжуваат да се борат за еднакви права. Жените не само што се борат за правото на глас и еднакви можности, туку и за својата економска, социјална и културна независност. Овеј ден е потсетник на важноста на законските заштити кои се постигнати низ годините.
Еден од најважните документи што ја поддржуваат оваа борба е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година, позната како „Женски закон“.Оваа Конвенција е основа за понатамошните напори за подобрување на правата на жените во светот и обезбедување правна рамка која ќе ги штити од дискриминација.
Во 1999 година, земјите кои ја потпишале и ратификувале Конвенцијата, започнале да ги пријавуваат преземените чекори за унапредување на правата на жените, а со Протоколот од 2003 година, жените чии права биле нарушени можеле да бараат обесштетување од меѓународно тело.
Денес, оваа борба не само што продолжува, туку станува сè поважна. Жените кои не се задоволуваат со комплименти и рози, туку кои одбиваат да бидат замолчени, кои продолжуваат да се борат за правото на глас и еднакви можности, тие се вистинските хероини на денешниот ден.. 8 март не е само историски ден – тоа е аларм, потсетник дека и денес мораме да се бориме за еднаквост и правда која не се дава, туку се освојува.
пишува: Ромина Марковска