„Зомбирање“ е нов dejting trend кај генерацијата „Z“. Запознавањето никогаш не било лесно, а благодарение на Тик Ток, генерацијата Z споделува трендови кои постигнуваат милионски прегледи. Еден од нив е „зомбирање“, тренд кој многумина го опишуваат како полоша верзија на „гостинг“.
За подобро разбирање, „гостинг“ е однесување каде личноста нагло и без објаснување ја прекинува комуникацијата со друга личност. Истото остава чувство на несигурност и емоционална болка кај „гостираната“ страна. „Зомбирањето“ како нов тренд оди чекор понатаму. Личноста која ве „гостирала“ одеднаш се враќа во вашиот живот по недели дури и месеци како „воскресната“ врска. Овој нов тренд станува сè почест. А корисници на социјалните мрежи како пејачката Маријел Дарлинг, го опишуваат како значително поштетен и емотивно исцрпувачки од самиот „гостинг“.
Последиците од „зомбирањето“
Ова однесување го ипмлицира модерното запознавање, оставајќи траги врз довербата и емоционалната стабилност. Според психолошки истражувања, ваквите прекини и повторни враќања може да доведат до чувство на недоволност, анксиозност и нарушена перцепција за сопствената вредност.
„Зомбирањето“ остава лажна надеж кај личноста која била „гостирана“, само за повторно да се соочи потенцијална болка. Циклусот ја истакнува важноста од јасна комуникација и одговорно однесување во односите, особено во дигиталната ера кога запознавањето е побрзо, но истовремено и поранливо.
За да се спречат вакви штетни динамики, експертите советуваат поставување здрави граници, отворена комуникација и развој на свесност за токсичните шаблони во модерното запознавање.