Фудбалскиот клуб Јенимаале продолжува да ги изненадува и радува најмалите, откако денес го посетија Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“.
Фк Јенимаале оваа година сакаше да им го разубави претпразничниот период на најмладите. Затоа, организираше предновогодишно дружење и изненадувања за секое детенце од Центарот за поддршка на учењето.
Фудбалерите на Јенимаале, со насмевки и топла енергија, ги пречекаа децата од Центарот за поддршка. Во срцата на овие дечиња, скромните желби за топла насмевка станаа реалност.
Од клубот истакнаа:
„Доколку празниците за многумина се период на изобилство, за овие дечиња тоа се денови на топлина и внимание. Овие дечиња се навистина скромни. Тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите“.
Од фудбалскиот клуб, истакнаа дека нивните претставници секогаш ќе се грижат за овие дечиња. Воедно тие и најавија дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина.
Оваа вест со задовоство ја постираме на нашиот портал кој ги поддржува хуманитарните акции, општествено одговорните и секако таа човечност што знае да ја разбуди убавата страна на животот. Овој гест на фудбалскиот клуб нека биде поттик за многумина. Разбудете ја празничната магија и донесете надеж на она место каде е најпотребно.