Сите од светот си имат фрази во кои си ја пронаоѓаат некако живејачката, стилот, градО или селото шо сите си ги носиме. Али имаш две работи тука: светО и БалканО. Е сеа, песМата оди, шо јужние то тужније, али…

Како и да е, тера вара тие сме, такви си сме, а такви ко шо сме, одамна е кажано оти за нигде не сме, па еве да си споделиме неколку фрази, муабети, твитој или констатации за кои би рекле оти станва збор за ,,Балканизам на хај левел”:

– Ако не е тајна колку те плаќат ваму?

– Во Короната… реално: „Ќе пушташ чорапи, гаќи и маските да ги клам в машина?“

– Стално знајш кај е на акција тоалетот и пивото. И знајш оти тие се најважните две работи во животО. И ко ќе ти се плачи и ко ќе ти се смеј!

– На врата на гостите на бегање: Е оти бегате требаше да си посејте!

– Не оти ме интересира, ама неуба работа скрос!

Познат твит: Душата ми излезе! – Единица мерка за премор!

 В теретана се сликаш, не вежбаш! – Единица мерка за здрав живот.

– Мораш да се имаш помирено со Васко жабата ако си од Авде!

– Ко ќе има земјотрес трката кој ќе напиши прв на фејсбук оти ,,здрма”, е еднаквопропорционална со најчитаната вест од ЊујоркТајмс.

Се плашиш и за то шо треба и не треба! Најмногу од промаја!

– Не си од балканО ако не макниш од салатата и не ја напрајш пајнцата ко од машина излезена.

– ,,На по едно”, секогаш е метафорично кажано, скоро и да не постои и стално се враќаш пијан.

– Бурекот е стратешки партнер со алкохолот!