„Домашен фронт“- Mоќен роман кој ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен спој на еден брачен пар. Од Books House велат дека романот е моментално најчитаната книга, а за него еве што ќе забележиме:
Сите бракови имаат точка на пукање. Семејствата имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Мајкл и Џолин Заркејдс ја живеат пресијата на секојдневието. Сметки, обврски, деца, кариера… Дванаесет годишниот брак доаѓа до „фаза“ на физичка раздвоеност. Адвокатот Мајкл останува дома, а Џолин во својство на војник е во вителот на опасноста, во Ирак. Таткото сам се справува со воспитувањето и грижата кон неговите две ќерки. Првично следат писма од мајката кон семејството со „розова верзија“ на нејзиниот живот од „првата борбена линија“, но наскоро ќе се случи трагедија! Мајкл е во „првите борбени редови“ на „фронтот на сопствените уверувања“ кои имаат единствено, врска со најважната работа на неговото семејство.
Кристин Хана во најновиот свој роман „Домашен фронт“, раскажува за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта како се присутни и во модерниот брак во кој за голема жал, се уште царуваат последици од војни кои не би смееле „ниту да се поимат во 21от век“.
И која и каква е смислата на градењето семејство, кое во самото поставување на темели, се руши и станува пепел?! Веројатно, одново да градиме.