Уништени корпи за ѓубре, откорнати со се земја, превртени жардиниери со цвеќиња. Ѓубре во ДрагорО! Незгрижени кучиња… Да си признајме, ваква бeше глетката низ градот на конзулите! Беше или останва? Ова е Див Запад или Битола?
Прашањето е: „Кој ги гази плочките низ Корзо?“. Како од Див Запад да сме донесени или можда сме некоја згрешена кинеска пратка од Али експрес? Ако до сега не сте знаеле, прочитајте подолу зошто.
На Див Запад си ако го гледаш со свилена кошуЉа како излегва од (луксузен) ресторан и фрла кутија до канта за ѓубре. Не во неа! До неа!
На Див Запад си, ако го сфатиш моментот оти ако треба в штала ќе се живеј, али „Би Ем Даблју“ во гаражО ќе крцка. Тука си, ако во момент на гужва во собраќајО или костец, го разбираш правилото оти секогаш предност има тој поголемиот. Со поголема кола и појаки врски.
Се наоѓаш на Див Запад, кога ќе ти кликни оти пешачка зона, во превод значи само улична уметност, а не е добојадисано оти на „уметникО“ шо го цртал, му фалеле бојци.
Се уклапаш во системО, ко ќе сфатиш дека си дел од него!
Така, се ќе си течи како шо треба, ако не се замараш за семафорО. Па и него можи да му олабај батеријата. И ништо чудно ако прегори или свети зелено и за пешаците и за возачите. Али кој го гледа него.
На Див Запад си, ако ти прат патека од бехатон плочки и прво шо ти поминва низ глата е едно нешто! „Дај ако остани нешто да си зеам за дома, дворо да си го поплочам“. А второ, газиш низ трева оти така си научен. Можи да се деси и успат по еднонасочна да возиш. Али шо ми е гајле си викаш, поблиску е, се брзам.
На нашиот Див Запад си, ако не те чуди овцата низ Корзо, или измет од коњ на Широк Сокак. Ако ти прија турбо фолк и шунд дури си крцкаш во центар на градО и ако креваш брз кредит за на таква музика. Шта чеш! Мора да се вклопиш „брачка“!
На Див Запад си ако стално за сѐ фаќаш врски за преку ред. За до Банка, за на доктор, па дури и за в црква ако можи побрзо да се испеј лебчето. За в кафана мора да ти е пријателче менаџерчето за да фатиш маса или да имаш некое келнерче другарче за в кафич на кое му го трошиш расходО.
Сфаќаш оти си во Битола кога ти се с’скат пет шес души кучиња и таков искасан без око да ти трепни си бегаш дома. Туф Туф голема работа. На Див Запад си ако на уред му се пожалиш оти те боли се, а докторката оти не е задоволна од платата ти вели:„Леле и мене сѐ ме искина, шо да прајме?!“ На Див Запад си ако си соочен со фактот оти појќе казина има од кафичи, од бутици, од училишта. И за крај, на Див Запад си ако сфаќаш дека најдобрата инвестиција е да вложиш во витамини и антидепресиви и да му ги наполниш џебојте на аптеките. Да живнат тро и тие греота се!
Не е до нас! Авата е таква!