Како посебен приказ на уметноста, театарот е елеганција, слух и повик кон убавото, вистински мевлем за душата. Публиката го доживува така, а замислете како им е на актерите? „Разбуди се“ уште од своите почетоци, будно ја следи театарската уметност и настојува да го славиме тоа единствено чувство кое се доживува само кога одиме на театар. И кога сме кај него, навистина е убаво кога ќе се слушне дека нашата Македонија, живее и дише во тоа име. Одново се раѓаат таленти и младите ја одржуваат и вреднуваат театарската уметност. Имено, изминатата недела во Кочани се одржа шеесет и првото издание на Драмски аматерски фестивал (ДАФ КОЧАНИ). Публиката имаше можност да проследи повеќе од петнаесет претстави од различни градови од Македонија и соседството.

Она со што нашата Битола може да се пофали е одличната изведба на комедијата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ. Под менторство на Јулијана Мирчевска, а во изведба на Театарската школа Бабец од Битола, ова беше брилијантно театарско доживување. А наградата во категоријата за најдобра главна женска улога на ДАФ КОЧАНИ, ја доби Веда Мавровска за улогата Живка.

Мавровска воодушеви на сцена и покрај повредетата на ногата еден ден пред фестивалот. За нејзината актерска вложенoст, нејзината улога и несомнено сериозен пристап кон градење на ликот, комисијата на фестивалот, за наградата образложи: „Веда Мавровска се наградува бидејќи најдобро и најуверливо го толкуваше ликот на Живка. Притоа маестрално ги долови комичните моменти во претставата, како и одличната актерска дисциплина и техника на сцената.

Останатите улоги ги толкуваа:

Јеротије Пантиќ – Дарко Велкоски

Анѓа Пантиќ – Анастасија Огненова

Марица Пантиќ – Матеа Василевска

Ѓока – Стефан Доневски

Виќа – Леон Дојчиновски

Таса – Софија Наумовска

Милица – Ана Анѓелевска

Миладинка – Сара Радевска

Алекса – Ана Марија Каранфиловска

Велешкиот театар ја отвори оваа театарска приказна на Драмски аматерски фестивал (ДАФ КОЧАНИ), со претставата „Вечера за глупаци“, а затворањето беше во саботата со две претстави на македонски театри и „Полански протоколи“ на АКУД Ниш од Србија.