„ПРЕДБОЖИЌНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – На иницијатива на Хуманитарната Организација “Утешител” и група граѓани се организира
-„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само еден човек.“ – Мајка Тереза. Како веп сајт гласно се приклучуваме на иницијативите кои веруваат во мотото: Љубовта љубов раѓа! Добрината добрина раѓа! Имено, до редакцијата на „Разбуди се“, стигна едно писмо кое зборува токму за таа љубов, добрина, хуманост. Апел и хуманитарна акција која кој со радост и несебичност го споделуваме:
„Подарете божиќна радост!
Возљубени хумани и човеколјубиви битолчани! На Божиќ не смееме да има гладно семејство, не смееме да има тагa и болка! Ако не можиме да им ги ублажиме болките и страдањата на нашите сограѓани од социјално загрозените семејства, барем на Божиќ да ја почувствуваат материјалната утеха со свечена божиќна трпеза. Секој кој сака, ќе може да подари утеха и радост.. Донирајќи храна и хигиенски производи на повеќе пунктови низ нашиот град. И тоа во: Храм Св.Димитриј, Храм Св.Недела, Храм Св.Петка, Божиќната Пештера пред Офицерски… Горно Веро, и во поставените колички во сите маркети на Шик Комерц.
Акцијата трае до трет ден Божиќ – 9 јануари.
Исто така добредојдени се сите што на некој начин ќе можат да волонтираат и помогнат во селектирање на донираната храна, правење пакети и достава по семејствата.“
Имено, хуманитарна та Организација „Утешител“ е доброволно, добротворно, хуманитарно здружение, кое побудено од евангелската порака: „Љуби го својот ближен како самиот себе”, се определи за остварување на трајни хуманитарни проекти и акции. За себе велат дека искрено се надеваат дека ќе допринесат за ублажување на материјалните потешкотии на нашите сограѓани, а исто така и за нивна духовна поткрепа и утеха.
„Во склоп на Х.О Утешител, функционира и Народна Кујна, која веќе 19 години според можностите, води грижа за егзистенцијалните потреби на нашите социјално најзагрозени сограѓани. ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ: И бедните и оттурнатите и запоставените и заборавените во ова општество се ДЕЦА БОЖЈИ и заслужуваат утеха… Радост, подадена рака, и шанса во животот. – пишува во апелот на хуманитарната Организација „Утешител“ – Подадената рака и помош за другиот е подадена рака и помош на ЧОВЕКОЉУБИВИОТ БОГОМЛАДЕНЕЦ ХРИСТОС. Однапред многу Ви благодариме на сите што материјално и молитвено ќе учествувате во оваа хуманитарна и Богољубива акција.
БОГАТСТВОТО НЕ СЕ ГЛЕДА ВО ТОА КОЈ КОЛКУ ИМА. ТУКУ ВО ТОА КОЈ КОЛКУ ДАВА БОГОМЛАДЕНЕЦОТ ХРИСТОС СИТЕ ДА ВЕ УТЕШИ, ОРАДОСТИ И СПАСИ.“
Лица за контакт: 077 803 823 Жарко / 075 250 672 Александра / 076 478 027 Драгана / 075 695 722 Драги