Агнеса Гонџа Бојаџиу е вистинското име на Мајка Тереза, а денеска се одбележува 114 години од нејзиното раѓање. Имено таа е родена на 26 Август 1910 година на местото каде што денес се наоѓа Плоштад Македонија во Скопје. Нејзината приказна започнува од нејзиното семејство во кое важело правилото да се помогне на секој оној на кого му е потребна помош.
Се вели дека на 12 годишна возраст, таа добила повик од Бога и го напуштила Скопје. Понатаму нејзиниот пат го знае цел свет и сите се восхитуваат на нејзините добри дела, хуманоста и големото срце. Ден денес се слави нејзиното име, а на овој ден би инсистирале да повторно го разбудиме доброто во светот. да се потсетиме на хуманоста и сите добри дела кои ги правеше Мајка Тереза.
Во продолжение, прочитајте неколку цитати кои допираат длабоко до сечие срце.
„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“
„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“
„Мирот започнува со насмевката.“
„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“
Нешто плус: На 4 септември 2016 Папата ја канонизирал (прогласил за светец) Мајка Тереза, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. На чинот присуствувале десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.
Не заборавајте дека оваа приказна за хуманоста доаѓа од Македонија. Разбудете го доброто, помогнете и бидете добри кон овој свет. Би поентирале уште еден цитат на големото име на Мајка Тереза:
„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“