Будење на врвот! – Битолчаните Сашо Палигора и Горан Дамевски го освоија Island Peak (6189 мнв) на Хималаите

Битолчаните Сашо Палигора и Горан Дамевски низ поривот на сопствената желба да ја истражуваат планината, го освоија врвот Island Peak нa 6189 мнв на Хималаите. Токму од овој врв се простира убавината на Монт Еверест.

Искачувањето на битолчаните на Island Peak, започна во 12 часот на полноќ по непалско време на 28ми октомври/2023. Во 08.57 минути по истото време е искачен високиот врв од 6189 мнв од планинарската експедиција.  Во екипата на страсните планинари е името на Горан Дамевски, член на ПСК Пелистер и Сашо Палигора како самостоен планинар. Младите битолчани им донесоа голема радост на нашиот град со нивниот триумф од алпинистичка природа.

Опремата која ја имаат Сашо и Горан како кацига, дерези, појас, јумар, карабинери, јаже се нивниот заштитен знак со кои успеваат  да  пребродат многу планинарски предизвици. Понекогаш теренот е благ, а понекогаш има големи нагиби. Овој пат последните 200 метри пред врвот беа со нагиб од 45% и вистински триумфален исход.

Екипата се враќа во Македонија на 7ми ноември/2023. Ние, битолчаните со нетрпение ги очекуваме за да ги слушнеме нивните хималајски приказни.