Позитивна, незаборавна хипнотична атмосфера! Токму онаква каква што му прилега на една светски популарна ѕвезда – Армин Ван Бурен. Синоќа под битолското небо се случи вистински спектакл. Музичка еуфорија како што одамна не се памети.

Армин Ван Бурен

Армин Ван Бурен е еден од најголемите диџеи на светската електронска сцена… А во градот на културата, музиката и уметноста, во Битола, ова легендарно име донесе посебна енергија. Ди џејот со препознатлив потпис, во свој крајно автентичен стил, ги спои транс музиката со визуелни ефекти и моќна сценографија што ја држеше публиката на нозе неколку часа. Вистински ролеркостер од возбудливи и транс емоции. Фантастична енергија и бура од адреналин го,, здрма” тлото на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Со катарзичен ентузијазам беа пречекани и момците Sempre Music. Со својот сет маестрално ја отворија вечерта и успеаја да ја раздвижат и загреат публиката.

Со овој незаборавен музички настан на стадионот „Петар Милошевски“, Битола впиша ново поглавје во својата историја. Прв пат угости музички артист од А-категорија, придружен со продукција што ги следи највисоките светски фестивалски стандарди.

Армин Ван Бурен
Армин Ван Бурен
Армин Ван Бурен
Армин Ван Бурен
Армин Ван Бурен

Зад организацијата стоеше „Авалон продукција“ (Avalon International Booking), а настанот се одржа со поддршка од Општина Битола и културната манифестација Битолско културно лето — БИТ ФЕСТ.