Промоција на првата битолска сликовница: „Битолскиот клавир Петко“ во рамките на Бит Фест 2025

На 18 август (Понеделник) со почеток во 19:00 часот, во просториите на Books House Битола, ќе се одржи промоција на новата детска сликовница „Битолскиот клавир Петко“. Ова е прва книга, сликовница за деца од ваков вид посветена токму на градот Битола.

Битолскиот клавир Петко сликовница

Настанот е дел од програмата на Бит Фест 2025… И е наменет за најмладата публика, но и за сите вљубеници во приказни со локален дух. Оваа сликовница именувана како „Битолскиот клавир Петко“ претставува креативен спој на текст и илустрација, инспирирана од историјата. На традицијата и музиката на Битола. Автор на приказната е Елена Наумовски која зад себе има издадено роман и две збирки поезии.

Битолскиот клавир Петко сликовница

Илустрациите се дело на Мирјана Бубевска, која на ликот на Петко – малото клавирче – му дава визуелна душа и живот. Имено Бубевска има големо искуство и бројни ангажмани како илустратор во и надвор од нашата земја.

Авторките најавуваат дека ова е само почеток на серија детски изданија посветени на градот и неговите вредности:

Битола е бајка што мора да им ја пренесеме на идните генерации. Веруваме во моќта на сликовницата како алатка за запознавање со културата и историјата на местото каде што растеме,“ велат од тимот кој стои зад проектот. Програмата на настанот вклучува:

🎨 Детска работилница за цртање со Ankica Adams

🎈 Креативна дружба со кловнот Заги

📖 Интерактивно читање на приказната

☕ Дружба со кафе и муабет за возрасните

Во реализацијата на настанот и рекламното видео кое може да го видите подолу во текстот, учествуваат и млади надежни идни актери – Калина, Антонио, Леонид и Адам. Раскажаа за Битола, градот на клавирите. „Облечени автентнично се прошетаа по Широк Сокак А снимањето, велат авторите, беше вистинска забава! И изненадувачки крајно професионално од страна на актереите кои нескромно, изгледа треба да им држат лекција на многу професионалци.

Проектот е поддржан од Бит Фест и компании и организации, меѓу кои: Native Teams, Болница Плодност, Reprim, Muppet Kids, ПЗУ „Д-р Ели“, Менувачница Саат Кула, Ankica Adams Bar Општина и други. Сликовницата ќе биде достапна за набавка на самото место, а последователно ќе може да се најде во книжарницата Book’s House Битола. Меѓу другото, организаторите најавуваат и идни изданија со едукативна и локално-инспирирана содржина.

[post_tags]