,,Мангал муабет” – Од каде потекнува овој битолски израз?

Боемска, конзулска, една и единствена. Нашата Битола е посебен муабет, љубов, приказна што секогаш знае да раскаже историја. Во продолжение прочитајте една од тие уникатни приказни за градот со посебен потпис и афтентичниот т.н. ,,мангал муабет”.

,,Некогаш во Битола помеѓу двете светски војни, „мангал муабетот“ беше секојдневно присутен и повеќе од потребен. Со него битолските дуќанџии си ја ранеа душата, бистреа политика, договараа брак преку стројници, правеа мајтапи на своја сметка, се радуваа, едвај чекаа да се видат покрај мангалот (тркалезен широк сад изработен од бакар, месинг, глина во кој се држи жар за загревање на простории) во долгите зимски денови.  Кога на зимата му се гледаше крајот, се чинеше како битолчани да го носат со себе мангалот иако е топло. На многу места низ чаршијата се собираа „купчиња од луѓе кои си ги топлеа срцата од жарот на мангал муабетот.“

Тoкму тој,  неврзан и опуштен муабет ги одврзуваше сите доблести на битолчани. Споделените секојдневни случувања создаваа нова, најдобра  приказна.

,,Еее…други времина беа!” – ќе забележат старите битолчани, а овие новите, денешните, мангал муабетот ќе го направат токму вака:

 -Шо прајш?

-Шо да прам, еве..

-То е шо ќе прајш.    

[post_tags]