Едусфера Едукативниот центар слави 5 години – Емисијата на германски јазик, траен доказ за напредокот на овој центар

Едукативниот центар Едусфера го прослави својот петти роденден

Едусфера е пример за образовна институција чиј професионален кадар и посветени работници комплетно се вложуваат во едукација и надоградување на знаењето во поглед на изучувањето на англиски и германски јазик. Низ интересни активности, уникатен концепт, часови и програма, Едусфера – eдукативниот центар, вложува во образовнието и воспитувањето. Имено тука се организираат хуманитарни акции со цел поттикнување на учениците на емпатија и солидарност. Покрај редовната интерактивна настава, учениците имаат можност да се вклучат во дополнителни активности кои секако ќе им овозможат развој на нивните интелектуални, но и социјални компетенции.

Иновативните перформанси, приредби и претстави се дел од програмата на Едусфера, а преку истите, учениците стекнуваат самодоверба, сигурност при јавен настап и секако на автентичен начин учат странски јазици.  

-Нашите ученици покажуваат одлични резултати во и надвор од училишните клупи. Прогресот и успехот се неминовни кога се работи со љубов. – Вели Ана Жежовска, името кое стои зад оформувањето и комплетната организација на програмата и часовите во центарот.

На прославата на  16 Декември, по повод петтиот роденден на Едукативниот центар Едусфера, промовирана беше емисијата на германски јазик DEUTSCHLAND ERL(I)EBEN. Оваа емисија останува траен доказ за напредокот, знаењето и трудот на нивните ученици, а истата може да ја проследите на нашиот интернет портал Razbudise.mk.

Во продолжение погледнете ја првата епизода и секако подолу од видеото, прочитајте за што зборуваат учениците. Голем аплауз и наклон до земја за учениците, како и за посветеноста и уникатната идеја од страна на професорите. Разбуди се на Едусфера им го честита роденденот и ја продолжува соработката.