Опера торта е француско пециво препознатливо по своите тенки слоеви од следните компоненти:
Три слоја пандишпан со бадем натопен во сируп од еспресо; еспресо путер крем и ганаш и глазура од темно чоколадо. Традиционално е украсен со името Опера со златен сјај напишано на врвот врз квадратната форма на тортата.
Да започнеме со разделување на секоја компонента:
Пандишпанот за оваа т.н. опера торта е лесен и нежен со етерична структура и составен од две чаши бадемово брашно, две чаши шеќер во прав , шест цели јајца, две лажици стопен и изладен путер, лажиче четвртина кујнска сол и половина чаша брашно за сите намени. Се миксираат по редослед-водени и суви eлементи. Водените им претходат на сувите.
Веднаш по печењето, сирупот помага да се одржи влажноста на тортата со сладост и арома на еспресо кафе. Истиот се подготвува од една четвртина чаша вода, една четвртина гранулиран шеќер, една лажица масло и еспресо во прав во мерка по желба.
Ганашот е кремаст и богат и може да се подготви однапред, дури и пред две недели. Како пристапен и достапен, ја олеснува целата работа на припрема на овој свечен десерт. За ганашот ќе ви требаат: две третини чаша павлака, една лажица масло, црно чоколадо, две лажици путер исечен на коцки и една ванила.
Ова е парче со вкус на среќа.Чоколадото и кремот го изведуваат нивниот дует.