Најурбаното место, книжевното катче во срцето на Битола – Book’s House, слави две години од отварањето, одличен повод за уште една хуманитарна роденденска забава.
Како и секогаш, нашите пријатели со полно срце сакаат да ги израдуваат оние кои немаат, оние чии срца скоро и да се прзни, а нели…. Нашето малку, за некого може навистина да значи многу. Токму и тоа е мотото на оваа роденденска хуманитарна забава на Book’s house. „Нашето малку за некој ќе ја донесе најголемата празнична радост!“
Имено, настанот ќе се случи на 16 ти Декември, во Сабота, а ќе трае од пладне до 22 часот.
Некаде на пладне, ќе се одржи промоција на книгата на Лили Бошевска. Подоцна ќе следи луда празнична роденденска забава и за најмладите заедно со кловнот Заги и Дедо Мраз.
Веќе во ноќните часови, време е за греано вино, магична декемвриска ноќ под ѕвездено небо, а и во просториите на книжарата. Атмосферата ќе ја дополнат познатите музички имиња како Ламбе Алабаковски, Виктор Апостоловски и Сара Петровска.
Мирис на книги, детска насмевка, музика и еден поинаков Декември. Се гледаме во Book’s House на 16ти Декември во Сабота.