Кога веќе ви го привлековме вниманието и љубопитноста за да го откриете трикот, време е да ве спуштиме на земја. Под ,,лотарија” не мислиме на тоа да добиете пари, инстант богатство кое ќе ви ги реши сите грижи.
Зборуваме за лотарија наречена:,,Среќа”! Сега за момент запрашајте се, што е она што понекогаш ве прави да се чувствувате спротивно на ова – несреќни? Погледнете се во огледало и размислете каде грешите. Ако сеуште не знаете, време е да смешаме прсти во вашиот ум и конечно да обелодиниме една голема вистина.
,,Трикот” е во благодарноста.
Денес и тоа како ни е јасно и веќе исклиширано дека сме постојано во некоја ,,фрка”, брзаме за на работа, брзаме за дома, брзаме да ги ,,грабниме” тие неколку минутки за да одмориме. Како да живееме во некое огромно студио, и се некој то го контролира. Ние сме главните актери и брзаме за брак, брзаме за семејство и сакаме уште и уште и уште. Посакуваме и грабаме, сонувам добивка, лотарија, бројки. Животот ни е пресметан во тие бројки. И секако, понекогаш земаме и добиваме! Но, знаеме ли да се заблагодариме?!
,,Трикот” за да се почувствувате среќни, лежи во токму овој мал, а толку голем збор. Благодарноста го носи спокојот како раскошна последица. Па нема ништо подобро од тоа да си легнете на ,,мирна” перница и да знаете дека едноставно веќе сте ги решиле сите загатки, сите проблеми.
Заблагодарете се на вашето постоење . Тоа е вистинска добивка на лотарија.
Лото добивка е што воопшто ги отваривте очите ова утро и подготвени го започнувате денот. Добивка е што го дишете воздухот, што го гледате небото, што чекорите на земјата. Лото добивка е што сте токму на тоа место.
Пред спиење споменете си 5 нешта за кои сте благодарни што ете така испаднале како што треба и според вашите очекувања. Заблагодарете се макар и на ситници.
На крај речете големо ,,благодарам” кон животот, кон вашата околина, кон потесниот и поширокиот круг.
Сите сме со причина во овој ден. Можеби ќе се сретнеме и можеби ќе треба да се сретнeме за да се разделиме и да научиме нешто, а потоа… Потоа едноставно треба да бидеме благодарни за нашата средба. Молитвата не е барање, молитвата е пред се благодарност. Ништо не би ве чинело ако пробате да делувате токму вака. Ќе видите дека благодарноста ќе роди убави чувства уште во првиот миг, а потоа како голем ,,ceme back” благодарноста ќе ви возврати со конечната лото добивка:,,среќа”!
Бидете благодарни, не го фокуирајте неуспехот и не се жалете за недостатоците. Ако не можете да ја погледнете позитивната страна, само направете го овој чекор и ќе видите колку волшебно ќе ,,ви се отворат” очите, видиците, патеките!