Рецепт за совршени полнети печурки кои лесно се прават и уште побрзо исчезнуваат од чинијата. Топло препорачуваме да направите дупла доза.
…И откако пуштивме музика, засукавме ракави, зготвивме и го пробавме овој рецепт за највкусните полнети печурки, решивме да ви ја раскажеме и вас оваа хедонистичка приказна.
Начин на подготовка:
Растопете го путерот(две лажици) на средна температура и додајте ги исецканите стебленца од печурките. Рецептот кажува дека ви се потребни седумстотини грама печурки. Потоа динстајте околу пет минути. Додадете две чешниња лук, варете една минута и додадете една четвртина чаша, презла. Сето ова оставете го да порумени околу три минути и зачинете со сол и бибер.
Изладената смеса префрлете ја во поголем сад и само уште овој пат додадете една четвртина чаша рендан пармезан, сто и дваесет милилитри крем сирење, магдонос и мајчина душица. Наполнете ги печурките со филот и уште малку пармезан врз нив и веднаш на печење. После дваесетина минути, насладете се.
Пријатен апетит и како што кажавме погоре…
Ако нешто чувствувате дека сте заборавиле да додадете, тоа е музика и многу љубов. Секако и чаша – две од омиленото вино!