Научно истражување: Ако спиеш помалку, расудуваш како дете

спијат помалку

Познато е дека недоволниот сон носи до неквалитетен живот, секојдневие во кое стануваме нервозни, а стресот станува уште поголем и поинтензивен. Сега истото е и научно докажано.

Според истражувањата оние луѓе кои спијат само шест часа или помалку, дневно имаат скоро исти когнитивни способности како оние кои би биле будни 48 часа. Тоа во превод би значело дека стануваат многу бавни во однос на нивните реакции.

Слабиот сон делува на концентрацијата и на краторочната меморија. Недостатокот на одмор кој го добиваме со квалитетен сон, носи до тешки последици каде и наједноставните активности ни стануваат многу тешки.

Според научниците, се докажува и фактот дека кога спиеме само шест часа, стануваме раздразливи во однос на емоциите, а тоа би значело дека во тие денови, на површина излегува онаа непосакувана личност.

И штом когнитивните способности се многу бавни, емоционалните центри на мозокот стануваат и до 60 отсто пореактивни. Со други зборови, не знаеме да расудуваме како возрасни и започнуваме да размислуваме дури и како деца.

Хормонот грелин е оној кој ни сигнализира дека сме гладни, а при недостаток на сон, тој се зголемува. Нa сметка на тоа се намалува хoрмонот лептин кој сигнализира ситост. Па затоа, често пати, во ваквите ситуации мислиме дека сме многу гладни.

глад

Областа во мозокот која е одговорна за контрола на импулсите или работата на префронталниот кортекс, станува сериозно нарушена. Тоа финишира со донесување на погрешни одлуки и заклучоци. Се случува погрешно да резонираме, а многу често во некои подетални истражувања се тврди дека во тие мигови, човек неконтролирано троши и пари. И тоа на работи кои не се потребни.

Меѓу останатите непосакувани последици зборува една неодамнешна студија која откри дека луѓето кои спијат помалку од шест часа, имаат четири пати поголема веројатност да бидат подлежни на настинки.

Од страна на бенефитите, добро е познато дека сонот придонесува за убавината, за младоста, го зголемува колагенот и еластичноста на кожата. Ги намалува црните кругови околу очите и темните подочници, а кожата станува мазна и затегната…

Квалитетен сон? Да секако…Можеби најповеќе поради оној факт погоре во текстот… Каде неконтролирано сме трошеле пари и…Хмм..