Хуман гест: Фризер го преобрази лицето бездомник

human gest хуман гест бездомник

Луѓето кои практикуваат знаат што е хуман гест ги разбираат страдањата и потребите на другите луѓе. Без оглед на различните околности, тие се обидуваат да создадат радост во срцата кај сите оние кои долго време или пак никогаш, не знаат за радост.

Овој пат, чинот на милосрдие на еден фризер, допре до срцата на 40 милиони луѓе. Она што тој го направи е комплетна преобразба на лицето на бездомник. Сликата „пред и потоа“  одлично ја раскажува приказната на трансформација. Се гледа блесокот во очите на бескуќникот и назира буквата „Н“ од зборот надеж. Барем таа се појави, благодарение на добриот човек, кој разбуди една мала а толку голема радост.

Сумираме со доза на сериозност: филантропија, волонтаризам, хуман гест и добротворна работа се начини на кои луѓето можат конкретно да ја изразат својата грижа за другите и да придонесат за подобрување на заедницата. Хуманоста е  клучна компонента во многу етички и морални системи, охрабрувајќи ги поединците да бидат одговорни кон другите и кон заедницата како целина на севкупно задоволство.

Погледнете го видеото кое се надеваме би ви послужио како инспирација да направите хуман гест. Нашето малку, можеби за некого е многу.