Во сончевите денови, неизбежни се долгите прошетки во градскиот парк. И некаде низ детскиот џагор, низ нивната силна насмевка и позитивната енергија, знаеме да се напиеме врело кафе. Кафе или да се освежиме со цеден портокал од т.н. продавници на тркала. Според нас, доколку навистина сакаме да се разбудиме, освен кафе, убаво би било да наидеме на уште нешто. Имено, не се инспириравме од фотографии кои всушност претставуваат библиотеки, книжари „на тркала“.
Наидовме на многу текстови и интервјуа од најпопуларните подвижни библиотеки или книжари во светот. Преку виртуелниов свет, запознавме многу библиотекари и луѓе кои се одлучиле да се бават со токму овој бизнис. Сепак, не се одлучивме за некој конкретен текст кој доследно би го препишале или барем пренесеме со нешто плус зборови (затоа што по навика си додаваме или одземаме). наместо тоа ви пренесуваме фотографии кои сметаме дека навистина ќе ве воодушеват. После ова, сме сигурни дека ќе се согласите со идејата дека е време за нешто вакво во градскиот парк во Битола.